Бочварски: Стануваме сериозен играч на пазарот со гас

Со гас освен ние, ќе ги снабдуваме Косово и Црна Гора, ова го посочи министерот за транспорт и врски кој впрочем потенцира дека нашата земја станува сериозен играч на пазарот со гас.

„Во врска со процесот на гасификација на државата пред две до три недели имавме посета, заедно со премиерот и со други министри направивме увид на кракот од Скопје до Тетово, кој потоа ќе оди кон Гостивар, таму е 65 отсто готова работата. Кон Битола и над 80 отсто е завршен проектот. Набрзо ќе се приклучиме на кракот во Грција и ќе имаме два извора“, изјави министерот во изјава за Сител.

Министерот доаде и дека станува збор за голем проект кој се помесува по 25 години.

„Нашата држава е сериозен играч на пазарот со гас, проектот го опфаќа Косово, а натаму и Црна гора, но тоа значи дека и дома треба да имаме гас насекаде. Станува збор за огромен проект кој немал 25 години поместување, а сега забележуваме сериозен прогрес кој ќе донесе бенифит за граѓаните, и на тој начин ќе и помогнеме на економијата, но и на домаќинствата“, потврди министерот Бочварски.