Богатите земји повторно ја блокираа иницијативата за суспендирање на патентите за вакцини

Богатите земји членки на Светската трговска организација (СЗО – WTO) повторно ја блокираа иницијативата да се суспендираат патентите на вакцините против Covid-19 за да се овозможи помасовно производство и снабдување на посиромашните земји.

Јужноафриканската Република (ЈАР) и Индија повторно во средата побраа да се суспендираат прописите на СТО за заштитата на интелектуалната сопственост (TRIPS) за да можат вакцините против Covid-19 да ги произведуваат и произведувачите на генерички лекови и други компании. ЈАР тврди дека TRIPS не функционира, потсетувајќи дека во текот на пандемијата ХИВ/СИДА не се обезбедени спасоносните лекови, што во Африка разултираше со загуба на 11 милиони човечки животи.

Предлогот на ЈАР и Индија ги подржаа 80-ина членки на СТО, повеќето земји во развој, но им се спротиставија западните земји, меѓу кои САД, државите од ЕУ, Велика Британија и Швајцарија, кои имаат големи домашни фармацевтски компании.

Западните држави тврдат дека заштитата на првата на интелектуалната сопственост ги поттикнала истражувањата и иновациите, како и дека суспендирањето на тие права не би разултирало со значително подобро снабдување со вакцините.

По тричасовната расправа, осмата за оваа тема од октомври 2020 година, Советот за интелектуалната сопственост при СТО не е постигна консензус, нужен за усвојување на предлогот за суспендирање на прописот. Се согласија, сепак, дека уште двапати ќе разговараат на темата во април, пред следниот редовен состанок, закажан за 8-ми и 9-ти јуни.

 

Произведувачите во фокусот

Индија е голем производител на генерички лекови, но низа водечки компании на глобално ниво кои произведуваат генерички лекови имаат седишта и во развиените западни земји, меѓу кои се „Viatris“ со седиште во САД, „Sandoz“ чие седиште во Швајцарија или „Teva“ во Израел.

Меѓународната организација Лекари без граници (Médecins Sans Frontières – MSF) во октомври минатата 2020 година состави писмо коешто го потпишаа повеќе од 375 организации на цивилното општество, поддржувајќи го суспендирањето на патентите на вакцините и лековите за Covid-19.

Новата генерална директорка на СТО, Нгози Оконо-Ивеала, истакна претходно во вторникот дека расправата е „клучна“, додавајќи сепак дека земјите и владите мора веднаш да ги преземат мерките за еда се зголеми производството, особено на пазарите во формирање.

Произведувачите мора да ги разгледат опциите заедно со Светската здравствена организација (СЗО – WHO), унијата за вакцини Gavi, со чиј главен одбор некогаш претседаваше Оконо-Ивеала, и со деловните здруженија, порача челничката на СТО.

„Мораме да се погрижиме за да ги исполниме очекувањата, за милион луѓе кои нѐ чекаат со задржан здив осознаат дека работиме на конкретните решенија“, изјави Оконо-Ивеала која е поранешна министерка за финансии и за надворешни работи на Нигерија.

 

Суспендирање или споделување

Некои од геостратешките коментатори потсетуваат на присилните лиценци со коишто на владите им се овозможува суспендирање на патентите без согласност на сопствениците.

Пред две децени Мозамбик, Замбија и Зимбабве издадоа такви дозволи за лековите за ХИВ/СИДА, откако пропаднаа преговорите со произведувачите, а нивниот пример потоа го следеа и Индонезија, Малезија и Бразил. Со тоа драстично ги намалија трошоците за лековите за СИДА-та кои станаа подостапни за поголем број луѓе.

Додека ЈАР и Индија решението го бараат во суспендирањето на патентите и „неограниченото глобално споделување на технологијата и знаењето“, а челничката на СТО го заговара, пак, „третиот пат“ – споделувањето на патентите во рамките на постојните меѓународните прописи.

Дискусиите во Советот на СТО се извонредно важни, но „факт е дека секој ден од недостигот на вакцините ќе биде платен со човечки животи“, изјави во вторникот Окано-Ивеала. Нејзиниот предлог за издавање поголем број дозволи за производството на вакцината против коронавирусот го поддржала и Американската трговска комора, влијателното американско деловно здружение.