Богдановски доби чест да биде помеѓу 30-те НЦАА привилегирани пливачки во САД

Богдановски доби чест да биде помеѓу 30-те НЦАА привилегирани пливачки во САД

Богдановски освои 10 НЦАА-титули во рамкикте на Третата дивизија од ова натпреварување како членка на т.н . “Блу џејс”, односнио екипата на Универзитетот “Џонс Хопкинс” од Балтимор, на кој годинава дипломираше на факултетот за медицина.

Само пет пливачи од Третата дивизија ја имаа честа да влезат меѓу 30 финалисти на НЦАА за годинава во конкуренција на 480 кандидати.

Богдановски во текот на изминатите неколку години, ги предводеше “Блу џејс” меѓу топ-пет екипите на НЦАА-шампионатот во секоја од последните три сезони. Таа е рангирана на второто место на сите времиња на “Џон Хопкинс” во ова натпреварување.

bogdanovski2

bogdanovski2

И во 2014 беше “НЦАА-жена на годината”, кога освои шест титули.

Дипломираше во мај, со диплома во областа на јавното здравје, со просечен успех 3,74. Таа планира да земе една година одмор, со цел да се подготви за Летните олимписки игри во 2016 година во Рио. Летово, на Светското првенство во Казан, Русија, на патеките 100 и 200 метри слободно, постигна времиња во рамките на Б-олимписката квота за Игрите во Бразил в година, резултати што во исто време беа и апсолутни рекорди на Македонија.

Спортмедиа