Боки 13 добил поддршка од Заев за „Меѓународен сојуз“

Сведокот на Обвинителството Агапи Дика, во својство на претседателка на Собранието на Меѓународен сојуз денеска потвди дека имала поддршка за акцискиот план активностите и делувањето на невладината организација од страна на премиерот Зоран Заев.

На денешното рочиште, одворајќи на прашање од Бојан Јовановски дали заедно биле во кабинетот на премиерот таа одоговори: Да бевме, додавајќи дека на средбата му го презентирале Акцискиот план.

 

Јовановски ја праша и дали добиле поддршка од Заев на таа одговори:

„Ја мислам дека добивме и иако средбата беше кратка“.

Боки возврати: Кратко, бевме кај премиер.

Дика додаде дека биле и на прием и во МВР, кај Оливер Спасовски.

„Мислам дека Бојан, беше на прием и кај Мила Царовска. Така се зборуваше. Во МВР со Оливер Спасовски, се збореше за вмрежување на соработката на невладината Меѓународен сојуз Скопје и МВР“, рече сведокот Дика.

За финансирање на ова невладина сведокот Дика, наведе дека требаше да се финансират ад-хок фондови.