Боки 13: Не сум во состојба да го следам судењето

Во Кривичниот суд денес започна судењето за случајот „Рекет“. Првообвинетиот Бојан Јовановски изјави дека  не е во состојба да го следи судскиот процес.

-Не се чувствувам добро, немам добиено терапија за новата дијагноза. Не сум во состојба да го следам судењето. Од сабајле неколкупати повратив, истакна Јовановски.

Тој вели дека инсистирал да дојде иако не е во состојба да ја образложи својата одбрана.

-Не ја добивав терапијата која ми е препишана. Испишан сум на први декември од ГОБ 8 Септември под непознати околности, рече Боки 13.

По изјавата на Јовановски судијката даде пауза од половина час, за да дојде лекар и да ја утврди здравствената состојба на Боки 13, дали тој може да продолжи да го следи судскиот процес.

На тоа обвинителката Вилма Русковска рече дека ниту еден доктор не би ризикувал да ја загуби лиценцата.