Откако Врховен суд одлучи да не го врати предметот „Рекет“ на повторно судење, а со тоа ги потврди казните за Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13, имаше реакција и од осудениот. Тој испрати до судиите кои одлучувале.
„Одлуката на Врховниот суд е врховен срам !!! Ова е политичка одлука, без примена на право, но откажување нема !!!
Правдата ќе ја барам пред меѓународниот суд за човекови права во Стразбур и на крајот вистината ќе добие светлост на денот, а до тогаш радувајте се а потоа сите ќе одговарате за целото злосторничко здружување и нанесено зло !!!“, стои во објавата на Боки 13, на профилот на „Фејсбук“ со кој управува администратор.
Во „Рекет“ Јовановски е осуден за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.