Во кривичниот суд денеска продолжи судењето Рекет. Ќе сведочат сведоци предложени од првообвинетиот Бојан Јовановски – Сергеј Варошлија, Марија Јанковска и Александар Кртов. На пултот за сведоци прва застана Јанковска.
Пред да сведочи таа судијката кажа дека Јовановски ги повлекол дел од неговите сведоци. Во Рекет нема да сведочат бизнисменот Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески, синот на Цветан Панделески осомничен во Империја и Јовче Ременски, сопругот на пратеничката Фросина Ременски.
Денеска во судница ќе сведочи Сергеј Варошлија кој беше вработен во веќе згаснатата 1ТВ.
Судењето е во тек.