Бојан Јовановски ги откри имињата од власта кои го подджувале во проектот за изградба на Европски центар за возрасни лица. Тој тврди дека тоа бил одржлив проектот кој го препознале и бизнисмените кои доброволно сакале да учествуваат во изградбата.
Боки вели дека нема земено ни денар од Буџетот на државата и оти е горд на тоа.
„Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници, а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски“, рече Јовановски.
Затоа тој уште еднаш побара да се вештачи неговиот мобилен телефон за да се види со кого се имал средби и контакти.