Болеста на Легија е сомнителна, бил на Ургентен за да се сретне со важни луѓе

Превозот на Милорад Улемeк Легија поради наводна болест во Ургентниот центар бил премногу сомнителен и најверајтно таму се среќавал со некои важни луѓе, вели Даница Драшковиќ, чиј брат е убиен на Ибарската магистрала.

„Досега се лечеше на ВМА, како и другите затвореници. Прашањето на кое се бара одговор е кој го примил и кој толку брзо го излечил, ако воопшто бил болен. Милам дека тоа беа организирани средби со некои важни лица кои не смеат да одат во посета на затвор и дека е договорено како треба да се делува“, вели Драшковиќ.

Таа наведува дека сите знаат дела Улемек нема да седи мирно и да чека да поминат 40 години.

„Знаеме и дека во Ургентниот центар има стари пријатели кои веројатно му должат помош. Тоа сега полесно се чини кога ќе видиме дека терористите дивеат по Србија под покровителство на власта. Бараат помилување, ги соборуваат правосилните пресуди за убиство и воени злосторства, се распоредуваат по функции во Владата и полицијата. Ги исмејуваат и понижуваат своите жртви во медиумите“, вели Даница Драшковиќ и додава дека се изгледа како повторување на веќе виденото.

Четириесет и шестгодишниот Милорад Улемек Легија на 26-ти овој месец се пожалил на болки во стомакот и по препорака на затворските лекари и во согласност на претседателот на Вишиот суд во Белград и асистенција на Жандрмеријата е префрлен до Ургентниот центар и потоа вратен во посебен затвор познат како „Алкатраз“.

Улемек ја служи единствената максимална казна од 40 години, но е осуден на четирите најголеми казни во постапките за убиство на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, убиството на Иван Стамболиќ и атентатот на Вук Драшковиќ во Будва, убиството на четири члена на Српското движење за обнова на Ибарската магистрала, како и за други злосторства на земунскиот клан.

Него единствено му е дозволен непосреден контакт со адвокатот кој го застапува, и кој според сознанијата на српски „Блиц“, го посетил тој ден кога му се слошило.