Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорност за синоќешниот бомбашки напад во Хан Баби Сад во Ирак, при што загинаа над 100 луѓе.
Во нападот со автомобил-бомба повредени се 50 луѓе, а меѓу загинатите има и деца.
Експлозијата се случи на пазар во Хан Баби Сад, 30 километри североисточно од главниот град на Ирак, Багдад. Нападот беше изведен додека луѓето го прославуваа крајот на светиот месец Рамазан.
ИД контролира повеќе делови во северен и западен Ирак. И претходно напаѓаше етнички мешани подрачја во провинцијата Дијала, каде се наоѓа градот Хан Баби Сад.