Дерек Шоле, советникот на државниот секретар на САД, Ентони Бликнен, во Македонија ниту донесе, ниту разговарал за црна листа на санкции. За време на неговиот краток престој во Скопје главни теми биле енергетската криза и уставните измени кои се услов Македонија да ја продолжи интеграцијата во ЕУ.
Прашањата за борба против корупцијата за кои требаше да разговараат советникот на државниот секретар на САД и премиерот останаа само на протоколарно сооопштение.
Советникот во Стејт департментот Дерек Шоле дојде во Скопје, но сосема кратко. Беше во владата нешто повеќе од еден час, но не даде никаква изјава за медиумите.
За црната листа на која работи американски тим истражители кој во декември беше во Скопје не станало збор.
Премиерот вели дека на средбата се разговарало за три теми: енергетската криза и борбата против корупцијата. Ковачевски му ги кажал на Шоле сите чекори што ги презема Владата за да се подобри сосотојбата во правосудството: обезбедување буџет, плати и капитални инвестиции.
Клучна тема биле уставните измени, како услов Македонија да ги почне преговорите со Европската унија во ноември. Нешто за што Соединетите држави даваат силна поддршка.
Оценката на Ковачевски дека ова позитивна средба која се случува во клучен момент кога и Македонија и регионот се соочуваат со големи предизвици.
Шоле веднаш тргна за Приштина, а потоа патува за Белград каде главна тема е нормализирање на нивните меѓусебни односи. Од Македонија замина со македонски дрес со неговото име, подарок од премиерот Ковачевски.