Победничката серија на францускиор првак Пари Сен Жермен по 14 последователни победи ја прекина пред своите навивачи Бордо кој со резултатот 2:2 на париските „Светци“ им ги откина првите бодови сезонава.
ПСЖ водеше со 1:0 и 2:1 и покрај тоа имаше и неколку одлични шанси, но Бордо успеа да се добере до бод. Гостите поведоа во 34 минута со голот на Нејмар, а домашните израмнија во 53 преку Џими Брианд. ПСЖ до ново водство ги доведе Килиан Мбапе во 66 минута, а потоа неговите играчи имаа неколку шанси да ја удвојат предноста. Сепак, во 84 минута Данецот Андреас Корнелиус израмни на 2:2. Бордо со овој бод стаса до вкупно 18 и е на 11-то место на табелата.
Марсеј на својот терен одигра само 0:0 со Ремс, испуштајќи ја можноста да се пробие на третаа позиција. Олимпик Марсеј доминираше, но Ремс успеа да се одбрани и да дојде до 21-от бод кој го однесе до 9-то место.
Дижон имаше водство од 2:0 и практично цел натпревар играч повеќе на гостувањето кај Тулуз, но домашните спасија бод. Тулуз остана со играч помалку уште во 5 минута откако беше исклучен голманот Бетист Реине, кој направио прекршок надвор од шеснаесетникот. Гостите поведоа со головите на Агуердо во 24 и Абеида во 69 минута, но Тулуз се спаси со два брзи погодока на Градел во 72 и Леије во 77 минута. Тулуз остана на 15-то место со 15 бодови, а Дижон пропушти голема можноста накусо да побегне од опасната зона, и е во групата од три тима со 13 бодови кои имаат три бода повеќе од претпоследниот Монако.
Стразбур високо со 4:1 на гостувањето го победи Рен. Домашните поведоа во 9 муинутра преку Сар,но потоа следеше канонада на гостите, за кои стрелци беа Томасон во 20, Мартен реализирапше два пенала во 31 и во 50 минута, и Мартинез во 77 минута. Рен остана на 14-то место со 17 бодови, додека Стразбур направи исчекор до 8-то место со 21 бод.
На табелата води ПСЖ со 43 бода, Монпелје е вотр со 29 бодови, а трет е Лион со 28 бодови. Следат Лил со 27, Марсеј со 26 и Сен-Етјен со 25 бодови.