Борел: ЕУ сè уште разговара за ембарго против Русија за нафта и гас

Европската унија сè уште нема донесено никакви одлуки за ембарго на увозот на нафтата и гасот од Русија, за таа можност сè уште се дискутира, изјави во понеделникот високиот претставник на Унијата за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел на прес-конференција по денешното заседание на Советот на ЕУ во Луксембург.

„Евентуалното откажување на ЕУ од нафта и гас од Русија нема да ја спречи руската армија во Украина“, изјави Борел.

„Да немаме илузии: ако денес запрете да увезувате гас и нафта, во наредните недели тоа нема да ја запре руската армија“, рече Борел.

Нагласи дека ЕУ е подготвена да продолжи да обезбедува воена помош за Украина покрај веќе доделените 1,5 милијарди евра за оваа намена.