Борел се надева дека нема да треба да испраќа европски војници во Грција

Шефот на европската дипломатија Жозеп Боерел изјави во средата во Загреб дека се надева оти европските земји нема да мораат да треба да испраќаат војски на границата меѓу Грција Турција поради запирање на можниот нов бегалски бран.

„Се надеваме дека нема да мораме да ангажираме војска“, одговорил високиот претставник за заедничка надворешна политика и одбрана на Унијата, Жозеп Борел изјавил запрашан дали гледа улога на војските на земјите членки на Европската унија.

Борел се согласува со Турција дека помошта од ЕУ не е доволна, бидејќи денешната ситуација е потешка од онаа во 2016 година кога е постигнат договорот за финансиска помош меѓу Брисел и Анкара во замена за задржување на мигрантите и бегалците на турска територија.

„Но ќе продолжиме да помагаме колку што можеме. Сепак, постојано им порачуваме дека туркањето на луѓето кон границата не е решение за никого и ги изложува луѓето на ризици. Сакаме да ја продолжиме соработката, но не така луѓето да се убедуваат дека може да стасаат до Европа “, додаде шефот на европската дипломатија.

Борел претходно во средата престојуваше во Анкара, неколку дена откако Турција незадоволна од соработката со ЕУ по беглаското прашање, објави дека ги отвора границите за мигрантите кон Европа, и десетици илјади мигранти се упатија кон грчката граница будејќи ги сеќавањата на големата мигрантска криза од 2015 година.

За новинарите во Анкара изјави дека ЕУ ќе издвои итна помош во висина од 170 милиони евра, за хуманитарна помош во Сирија.