Борис Џонсон го презема финансиското водство во трката за премиер

Борис Џонсон го презема финансиското водство пред Џереми Хант во трката за идниот британски премиер, покажаа во средата официјалните статисики според која тој располага со четвртата најголема сума кој ја обезбедил некој политичар во Велика Британија во последните неколку години.

Поранешниот и актуелниот шеф на дипломатијата, Џонсон односно Хант, поради засиување на своите кампањи во борбата за наследник на Тереза Меј, настојуваат да ги зголемат своите средства за плаќање на трошоците за наеми, транспорт, персонал, летоци и реклами.

Џонсон обезбедил 235.000 фунти во последните две седмици, што заедно со оние кои ги доби уште минатата година, доведува до вкупната сума од 502.000 фунти, објави парламентот во средата,

Најновата донација изнесува 50.000 фунти од Питер Крадас, кој е еден од најголемите заговорници на брегзитот во Лондон, и 50.000 фунти од финансеиерот Џејмс Реубен.

За разлика од Џонсон, Хант не забележал никакви дополнителни донации во последните две седмици.