Борис Џонсон ја презема во средата должноста британски премиер, а подоцна ќе ги открие имињата на неговиот тим чијашто задача ќе биде да го спроведат истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, со или без договор со Брисел.
„Кралицата попладнево ги прими Борис Џонсон и му упати барање за составување на новата администрација. Џонсон ја прифати понудата на Нејзиното Височество и ѝ ја бакна раката по именувањето за премиер и прв лорд на ризницата“, се наведува во соопштението на Бакингемската палата.
Џонсон, кој беше водечката фигура во кампањата за референдумот во јуни 2016 година за излегувањето од Европската унија, подоцна во средата се очекуива дека ги објави имињата на членовите на својот кабинет. Се очекува дека ќе го зголеми бројот на жените и ќе именува рекорден број политичари припадници на етничките малцинства, соопштија од неговиот тим. Именувањата ќе укажат на тоа какви се плановите на Џонсон во управувањето со Британија по неговото ветување за излегување од ЕУ на 31-ви октомври, со или без договор.
Претходно во средата пратениците со овации ја испратија расплаканата досегашна премиерка Тереза Меј по нејзиното последно, повремено силно емотивно појавување на должноста во парламентот. Таа можноста ја искористи да му го зададе последниот удар на лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, кога му предложи како и самата таа да поднесе оставка на челната позиција во партијата. Во текот на едночасовната седница, којашто нејзиниот сопруг Филип ја следеше од галеријата за посетителите, сите политички партии на поранешната премиерка ѝ оддадоа признание за јавното делување и чувството на должност, и покрај тоа што јасно изразуваа несогласување со мнозинството нејзини одлуки.
Додека Џонсон како нов премиер со лимузина одеше на средбата со кралицата Елизабета, активистите на Гринпис се обидоа да го блокираа патот на долга свечена поворка до Бакингемската палата. Повеќето демонстрантки, облечени во црвено, се држеа во човечки синџир по должината на трасата, а други отворија големо знаме со натписот „Климатска криза“ во обидот да го попречат минувањето на автомобилите во придружба на полицијата.
Од Гринпис соопштија дека го одржале протестот за да го повикаат Џонсон да преземе нешто во борбата против климатските промени. Се обиделе да му предадат манифест со 134 точки за акциите за запирање на „катастрофалниот климатски крах“, вклучително и укинување на планот за градење нова писта на лондонскиот аеродром Хитроу и да го повикаат да достигнување на целта на булта емисија на штетните гасови.
„Владата едноставно не успева да се фати во костец со климатската криза“, наведува во писмената изјава извршниот директор на Гринпис во Обединетото Кралство, Џон Совен. Во јуни активистите на Гринпис накусо прекинаа важен говор на тогашниот министер за финансии Филип Хамонд пред лидертие на британскиот сектор на финансиски услуги.