ремиерот на Велика Британија, Борис Џонсон ги обвини антиваксерите дека зборуваат глупости кога се во прашање вакцините против Ковид-19.
Тој рече дека оние кои шират погрешни информации на социјалните мрежи „целосно грешат“ и дека е време да им се сврти вниманието, јави Би-Би-Си.
„Сакам да им порачам на антиваксерите, на луѓето кои пишуваат глупости на социјалните мрежи – целосно грешите. Досега не сте ме слушнале да го кажам ова, бидејќи мислам дека е важно да имаме доброволен пристап во оваа земја и тоа ќе го одржиме, наведе Џонсон, алудирајќи дека Британија нема да воведе задолжителна вакцинација.
„Антиваксерите целосно грешат, време е владата да им го сврти вниманието на тоа што го прават. Апсолутно е погрешно, контрапродуктивно, се што ставаат на социјалните мрежи е глупост“. Тој додаде дека околу 30 до 40 проценти од 17.000 пациенти во британските болници поради Ковид-19 „не биле вакцинирани со никаква доза“.
„Тој број се зголемува кога станува збор за пациенти на интензивна нега“.