![skynews-dominic-cummings-boris_4932504](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/skynews-dominic-cummings-boris_4932504.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Британскиот премиер Борис Џонсон одговори во четвртокот на тешките обвинувања за неспособнота да управува со пандемијата на коронавирусот кој ден претходно ги искажа неговиот поранешен советник Доминк Камингс, тврдејќи дека преземал сѐ да спаси животи,
Џонсон, кој во четвртокот претпладнето посети болница во англиската грофовија Есекс, рече дека морал да донесе „низа неверојатно тешки одлуки во текот на здравствената криза“ и истакна дека „во секоја етапа го водела решителноста во спасувањето на животите“ на граѓаните.
Во средата во текот на седумчасовното сослушување пред парламентарната комисија, поранешниот советник на Џонсон, Доминик Камингс го нападна владиното справување со пандемијата во којашто во Велика Британија починаа речиси 128.000 луѓе, најмногу во Европа.
Шест месеци по неговото заминување предизвикано од внатрепартиските борби, 49-годишниот Каминг, кој беше „мозокот“ за брегзитот во 2016 година и архитект на надмоќната победа на Борис Џонсон на парламентарните избори во декември 2019 година, беше немилосрден кон премиерот и го нарече „неспособен“.
Тој тврди дека конзервативниот челник ги игнорирал советите на научниците и предоцна ја сфатил сериозноста на ситуацијата. Камингс ја објави владата дека не ги заштитила кориснциите на домовите за стари и немоќни лица и за пензионери од епидемијата и дека по хоспитализацијата им го дизволила враќањето во домовите, и тоа без тестирање на Covid-19, со што го рашириле коронавирусот.
„Она што се случуваше во пензионерските домови е трагично, но сторивме сѐ што можевме да ги заштитиме јавноздравствените служби за да се намали преносот на вирусот, со сознанијата кои ги имаве“, се бранеше во четвртокот Борис Џонсон.
„На почетокот на пандемијата не знаевме како вирусот може асимптоматски да се пренесува и тоа е една од причлините што имамве некои проблеми во домовите за пензионерите“, додаде Џонсон.
Камингс смета дека можело да се избегне смртта на „десетици илјади“ луѓе, и тоа тврдење беше објавено на насловните страници на неколку дневни весници во четвртокот.
Камингс на сослушувањето, исто така, го обвини министерот за здравство Мет Хенкок „дека повеќепати лажел на состаноците и јавно , и дека за тоа би требало да биде отпуштен“, на што министерот возврати дека станува збор за „лажни и неосновани обвинувања“.