Борисов бара воведување вонредна состојба во Бугарија поради Ковид-19

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека Владата ќе побара од Парламентот да прогласи вонредна состојба во државата поради ширењето на новиот коронавирус.

Во таа земја, бројот на заболени нагло синоќа се зголеми од седум на 23, а едно лице почина.

– Владата ќе побара од Парламентот да воведе вонредна состојба што ќе овозможи да се затворат училиштата, градинките и универзитетите, рече Борисов по итна седница на кабинетот.