Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека по барањето за свикување на седница на Големото национално собрание и промена на Уставот, треба да се преземе следниот чекор.
Во видео-порака објавена на неговиот Фејсбук Борисов порача дека целта е да им се даде на граѓаните право да избираат и да донесуваат одлуки.
„Контактиравме со коалиционите партнери и побаравме состаноци. Сфатив дека тие исто така имаат предлози. Дозволете ни да не поддржат во ова. На 2 септември треба да влеземе со 120 потписи“, рече Борисов.
Како што изјави бугарскит претседател, единствената цел на неговата партија ГЕРБ е да им даде на луѓето право на глас.
Борисов порано рече дека ќе поднесе оставка ако Парламентот го одобри неговиот план да распише избори за Големото национално собрание, со цел промена на Уставот.