Борисов: Камионот, со 39 беживотни тела, не бил во Бугарија од 2017 година

Починатите лица пронајдени во камион во Велика Британија не можеле да се качат во Бугарија, бидејќи возилото не влегло во нашата земја од регистрацијата во 2017 година, изјави денеска премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Тој истакна дека Бугарија соработува со британските власти во истрагата.

– Камионот во 2017 година е регистриран во Бугарија од државјанка на Ирска. Потоа замина од земјата и никогаш повторно не влезе. Така што на ниту еден начин не можеме да бидеме поврзани, освен со регистарските таблички на камионот – истакна Борисов.

Во камион во британскиот град Есекс денеска се пронајдени безживотни тела на 39 мажи, а уапсен е 25-годишниот возач од Северна Ирска поради сомнеж дека тој го извршил убиството.

Полицијата во Есекс соопшти дека меѓу убиените, имало и еден тинејџер.