Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека е во самоизолација затоа што бил во контакт со заменик министерот за градежништво Николај Нанков, кој е позитивен на коронавирусот.
Борисов се тестираше денеска пред да се сретне со Кејт Крач, член на американскиот Стејт департмент за економски развој, енергија и развој.
Тој претходно беше информиран дека Нанков се заразил со ковид-19, поради што ќе остане дома се додека здравствените работници не проценат дали може да го напушти карантинот.
„Чекам инструкции од здравствените работници и до тогаш ќе бидам во самоизолација. Последниот контакт со Нанков го имав во понеделникот”, напиша Борисов на Фејсбук.