![borko-ristovski_5a604c2da2e0c](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/borko-ristovski_5a604c2da2e0c.jpg?resize=696%2C433&ssl=1)
„Е, моја златна Македонијо, какви одрони те газат“.
Ова го пишува Борко Ристовски споделувајќи објави на премиерот Зоран Заев каде тој очигледно се плаши или срами да напише Македонија.
Голманот објави и фотографија на која пишува “мак ракомет“, па реагира и на тоа дека ниту зборот македонски во целост не е употребен.
Заев во објавата која го изреволтира Ристовски не пишува Македонија, но ниту македонски, ниту Македонци…
Ристовски во вчерашната своја објава напиша „Среќно момци, Македонија вечна“, а денес додава дека „Љубовта кон својот народ и државата нема цена“.