Велигденското издание на „Нешто конкретно“ го одбележаа тројца музичари и еден спортист, а зборуваа на тема „пријатели“. Колку вистински пријатели можеме да имаме во денешницава, дали е вистина дека тие веќе не може да се избројат ниту на две раце, одговорите ќе ги добиеме од Бојана Скендеровски, Борко Ристовски, Иван Јованов од Либеро бенд и Марјан Мац Петровски познат како диџеј Матс.
Кога на нашите гости им дадовме задача на велигденските јајца да ги нацртаат своите пријатели не требаше многу да се мислат кој да биде тоа затоа што, како што и самите кажаа, вистинските пријатели се ретки и ги нема многу на број.
Што е со неверствата? Како тие ги доживуваат истите и што прават откако ќе дознаат за тоа?
Дознајте дали алкохолот оди со музиката и спортот кога тие ти се професија; кој е најдобар во кршење велигденски јајца; зошто мажот секогаш мора да ја плаќа сметката во ресторан…