Германскиот фудбалски великан Борусија од Дортмунд го отпуштила во неделата тренерот на првата екипа Лусиен Фавр, тврди весникот Bild.
Борусија во саботата во Дортмунд загуби од Штитгарт дури со 1:5, што е еден од најтешките домашни порази долги години на „Милионерите“, а овој тежок пораз му пресудил на 63-годишниот швајцарски стратег.
По некомплетните 11 кола во Бундеслигата, Борусија Дортмунд е петта на првенствената табела со 19 бодови, пет помалку од водечкиот Баерн, а „жолто-црните“ како победници во групата се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Фавр имаше договор до крајот на сезоната, а според Bild екипата до изборот на нов тренер ќа ја води помошниот тренер Един Терзиќ.