Борусија Дортумунд го отпушти тренерот по поразот од 1-5 дома

Лусиен Фавр е разрешен од функцијата главен тренер на Борусија, објави клубот од Дортмунд на својот официјален Твитер.

Во соопштението се наведува дека одлуката е донесена по вчерашниот пораз од Штутгарт  (1:5) во Бундеслигата.

Заедно со Фавр, ќе го напушти тимот и неговиот асистент Манфред Стефес.

Клубот му се заблагодари на тренерот за неговата работа и му посака успех во иднина.

Во следниот период „милионерите“ ќе ги предводи поранешниот помошник на Фавр, Един Терзиќ. Неговите асистенти ќе бидат Себастијан Геперт и Ото Адо.

Борусија Дортмунд е петта на табелата во Бундеслигата со 19 поени од 11 натпревари