
Фудбалерите на Борусија од Менхенгладбах се вратија на врвот на табелата од германското првенство, откако во неделата на свој терен со 4:2 го совладаа Фрајбург во мечот од 13-то коло на Бундеслигата.
Стрелци за домашните беа Турам во 2, Емболо во 46 и 71 и Херман во 51 минута, додека за гостите погодија Шмид во 6 и Халер во 58 минута.
Борусија во 13-те досегашни кола има девет победи, и во оваа фаза од сезоната нема толку мбогу триумфи уште од шампионската сезона 1976/77 наваму
Борусија Менхленгладбах сега има 28 бодови, еден повеќе од вторпласираниот РБ Лајпциг, додека Грајбург е шести со 22 бода.