![borusija vo finale](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/borusija-vo-finale.jpg?resize=615%2C400&ssl=1)
Првиот билет, потребен за настап во финалниот натпревар од Купот на Германија сосема заслужено заврши кај фудбалерите на Борусија Дортмунд кои не дозволија никакво изненадување пред верните фанови и многу полесно од очекуваното забележаа сигурен триумф од 2:0 во дуелот против екипата на Волфсбург.
Првиот погодок на натпреварот беше дело на ерменскиот интернационалец, Хенрик Михтариан, а јубилејниот 100 погодок во дресот на Борусија Дортмунд, го постигна репрезентативецот на Полска, Роберт Левандовски.
„Најважно од се е дека обезбедивме пласман во финалниот натпревар. Волфсбург е тим составен од одлични фудбалери и нема ништо чудно во тоа што имаа неколку чисти шанси пред нашиот гол. Го немавме потребниот ритам, не бевме доволно свежи, се чуствуваше голем умор но издржавме и заслужено сме дел од финалниот натпревар”, изјави предводникот на Борсуија Д., Јирген Клоп.
Денеска со почеток во 20.30 часот стартува вториот полуфинален дуел помеѓу екипите на Баерн (М) и Кајзерслаутерн.