3.8 C
Skopje
петок, декември 27, 2024

Босанец сакал да ја продаде ќеркаси на роднина за 10.000 евра

Државјанин на Босна и Херцеговина е уапсен во Италија поради продажба на својата ќерка за повеќе од 10.000 евра за брак со роднина, соопштија италијанските власти.

Тие изјавуваат дека ова е прво вакво апсење според новиот закон за борба против присилните бракови.

Полицијата спречила договорот да се спроведе и свадбата да не се случи.
Семејството живеело во камп приколка во градот Пиза, во северозападна Италија.

Според извештајот на полицијата, таткото ја тепал својата 21-годишна ќерка и нејзината сестра секогаш кога ќе се побуниле и им дадвал само леб и вода.

Таткото, наводно, планирал да ја омажи својата ќерка за роднина, кој исто така живее во кампот, а имал слични планови и за помлада ќерка.