Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски го напушта портпаролското место во владата на Заев, за позицијата шеф на кабинет на Стево Пендаровски.
Информацијата ја изнесе порталот Фокус, кој цитира сопствени извори.
Новинарите кои се блиски до Бошњаковски, брифираат дека истиот сакал да обезбеди подобро работно место, со поголема сигурност, бидејќи претседателот на државата има мандат од 5 години, за разлика од владата, на која и остануваат само уште година ипол до редовни парламентарни избори, што судејќи по рејтингот во јавноста е нејзин последен мандат.
Според извори од медиумите во кабинетот на Пендаровски ќе влезат и професорите од Правниот факултет во Скопје, Александар Спасов, Ана Чупевска Станишковска, како и активистката Мерсиха Смаиловиќ.