Се’ повеќе жени се одлучуваат за методот на разубавување со игла. Ботоксот можеби ќе ги отстрани годините од вашето лице лице, но пред да се одлучите да го инјектирате овој еликсир на младоста, бидете сигурни дека го познавате повеќе.
Според истражувањата спроведени од страна на „Францускиот институт за контрола на здравствени производи“ (AFSSAPS), производите на база на ботулинска киселина, односно ботоксот, можат да предизвикаат сериозни секундарни ефекти.
Производите базирани на „ботокс“ делуваат на тој начин што реверзибилно ги умртвуваат нервите, што доведува до затегнување на кожата и затоа и се користат против брчки.
Но, многу жени ги мешаат ефектите на ботоксот со други инјекции кои се користат за разубавување. Всушност, третманот со ботокс не ги отстранува брчките на кожата, туку ги ослабува мускулите во времетрање од 3-4 месеци и со тоа прави контракции на истите, од кои, подоцна се појавуваат уште поголеми брчки.
Според ова, методот на „убавина преку игла“ научниците не го поддржуваат. Тие исто така потврдиле дека ботоксот може да предизвика голема мускулна слабост, дисфагија (проблеми со голтањето) и тешкотии при дишењето, па денес предупредувањата за производи што содржат “ботокс” се построги.
Затоа, добро е да знаете дека овој метод нема магично да ги избрише брчките од вашето лице, а може и да ви донесе дополнителни проблеми…