![prijanka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/prijanka.png?resize=682%2C454&ssl=1)
Пријанка Чопра во Париз во италијанската амбасада присуствувала на гала вечерта на брендот „Bulgari“, а актерката со својата појава ги оставила присутните без здив.
Убавата Индијка блескала во гламурозното, впечатливо модно издание без ниту една грешка, направено да воодушеви и провоцира, но со мера.
Пријанка која во 2000-та година победи на натпреварот Мис на светот, избрала прекрасна модна креација со потпис на модната куќа „Rasario“ во ефектна боја на цигла.
Длабокото деколте кое се протегало речиси до папокот и тоа како привлекувало погледи, но без оглед на овој предизвикувачки детаљ, славната 39-годишна Пријанка не оставала вулгарен, туку отмен впечаток.
Пријанка комбинацијата ја надополнила со црни сандали од превртена кожа на висока потпетица, како и скапоцен накит – ѓердан и прстен со дијаманти и сафири.
Дали ви се допаѓа ова модно издание на Пријанка?