Во домот на Дејвид Ричардс од австралијанскиот град Камбера се чувствува вистинска божиќна бајка. Тој и неговото семејство поставиле над половина милион разнобојни светилки во различни форми и големи кои ја прават божиќната атмосфера магична, волшебна.
Но, ова не прв пат ова семејство да постави светски рекорд. Во 2011 година тие својот дом го украсиле со 331.038 светилки, а минатата година во намерата по втор пат да постават рекорд ги победи семејство од Њујорк.
Но, освен што ќе постават рекорд во поставување новогодишни светилки, тие очигледно ќе постават и рекорд во плаќање на највисока сметка за електрична енергија.