
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска, по повод Божик, упати честитки до сите граѓани од православна вероисповед.
Груби во честитката испраќа порака за меѓусебна почит и пријателство.
„По повод вашиот празник Божик, посакувам вашите семејства да бидат благословени од светлината на здравјето, мирот и бескрајните добрини. Овие празнични мигови нека бидат рефлексија околу светоста на семејството, околу високите вредности на духовно прочистување, меѓусебната почит и искреното пријателство„, наведува Груби.