Аналитичарот Владимир Божиновски во гостување во „Само вистина на Канал 5“ смета дека старо – новата влада на СДСМ нема да ги исполни очекувањата на граѓаните, ако се погледни она што го ветувала во 2017 година а што реализирала до 2020 година,
„Па со оглед на тоа што се случуваше со истата влада од 2017 до 2020 година искрено не верувам. Ако погледнеме што беше ветено 2017 година а што се исполни 2020 година искрено не верувам. Така да мислам дека во оваа ситуација со дополнително два проблеми кои што се од исклучително значење и ќе бидат претпоставувајќи од месец октомври тоа е економската и здравствената криза навистина мислам дека ќе биде многу тешко да се исполни“, вели Божиновски.
Според Божиновски, оваа тенко мнозинство на СДСМ составено од 4 политички партии од 62 пратеници не верува дека ќе има политичка волја и сила власта да се посвети на она што е од значење за граѓаните и државата.
„62 пратеника, четири партии внатре, ДПА со еден пратеник, ДУИ со 15 пратеници, БЕСА со четири пратеници, останатите се СДСМ и коалицијата. Толку е тенко мнозинството, а толку ќе треба да се координираат, значи 4 политички партии, што навистина не знам колку ќе остане политичка волја и сила да се посвети власта на она што е најзначајно за државата и граѓаните а тоа е да се обезбеди некако развој или јас во случајот би рекол да се обезбеди каква таква стабилност во следната година, рече тој.