Има начин каде да се описменат македонските „новинари“, без дури да одат до Бугарија, во нивниот сопствен воено-историски музеј. Ако, пак, не знаат каде е, тој е во поранешната касарна „Гоце Делчев“ во Скопје. До таму има убав пат, асфалтиран, така што нема да си ги оштетат возилата.
* Споменавте дека Зоран Заев положи венец на споменикот на цар Самоил. Сметате ли дека навистина Бугарија и Македонија ќе можат да слават заеднички празници?
Божидар Димитров: Да, се разбира, зошто тоа и го имаат. Како да го разделиме Илинденското востание? Тоа се случило во седум окрузи – од Црно море до Битола. На територијата на сегашна Македонија, имало само два округа – Првиот, скопски, и Вториот, битолски. Останатите се или во Егејска Македонија, или во Родопите, или во Странџа. Така да, нема никаков проблем. Не знам каде ќе оди Бојко Борисов, можеби на Мечкин камен во Крушево. Таму е најмонументалниот споменик. Добро е и да го поканиме Зоран Заев на 19 август на споменикот на Петрова нива, каде бил седмиот револуционерен округ. Многу луѓе, кои се Бугари во Македонија, не знаат и кога ќе отидат пред тој величествен споменик на Петрова нива и ќе прочитаат Седми револуционерен округ на ВМРО, се прашуваат: „Македонија дури до таму ли стигнала?“. Не, едноставно ВМРО не била македонска организација, туку организација на Бугарите во Македонија, Тракија, Родопите.
* Како ја оценувате одлуката на премиерите Борисов и Заев да именуваат улици во Софија и во Скопје, во чест на претседателите Жељу Желев и Борис Трајковски?
Божидар Димитров: Добра одлука. Борис Трајковски беше еден човек многу отворен за соработка со Бугарија. Тој е од Струмица, исто како Зоран Заев. Борис Трајковски апсолутно заслужува по него да биде именувана една од најубавите улици во Софија. За Жељу Желев, како што се вели, треба да има реципроцитет. Бојко Борисов предложи Тодор Александров. Да, тоа е убава улица. Ние ќе именуваме улица по некој, кој тие го сметаат за Македонец, но се плашам дека такви улици веќе има – Даме Груев, Гоце Делчев и т.н. Ете колку ни е заедничка историјата.
* Дали Бугарија, според вас, е единствената врата, на која може Македонија да тропне за присоединување во ЕУ и во НАТО?
Божидар Димитров: За жал, не. Една таква врата е Грција и се надевам дека ќе постигнат договор со неа. Грција не сака да си го продава своето културно-историско наследство. Под никаков притисок нема да се согласи да отстапи од името, кое тие си го сметаат за дел од тоа културно-историско наследство. Тоа на сите им е јасно. Што ќе треба да се стори, јас не сакам да давам совети. Тие си знаат што да прават.
* Сметате ли дека навистина на 2-ри август Бугарија и Македонија ќе потпишат Договор за добрососедство?
Божидар Димитров: Да. Ние одамна повторуваме дека потпишувањето на тој договор ќе биде почетокот на средување на односите. По шест години, Зоран Заев и неговиот тим очигледно дошле до тоа мнение. Погледнато сериозно, таму нема никакви реални проблеми за Македонците, исто и за нас.
* Според Вас ќе покаже ли влијание посетата на Зоран Заев на локалните избори и како?
Божидар Димитров: Во источна Македонија можеби да, оти таму бугарштината најмногу се зачувала. Но, во централна и западна не знам. Во западна Македонци нема, тие таму се Албанци.