![133151919-53312](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/133151919-53312.jpg?resize=696%2C387&ssl=1)
Заедницата на Хрвати од Македонија во Битола, во соработка со Католичката црква „Пресвето срце Исусово“, вечерва организираат традиционален божикен концерт.
На концертот ќе бидат изведени божикните песни од западниот и источниот обред, како и божикни песни од другите народи, пригодни рецитали и изведби на Дарко Кулевски соло хармоника и Марија Чакулевска гитара и од Државното Музичко училиште во Битола. Божикниот концерт ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“, а меѓу другите ќе присуствува и Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македноја Киро Стојанов, соопштуваат од Заедницата на Хрвати во Македонија во Битола.