„Божиновски“ со промоција на сите колекции на Calvin Klein за 2016 година

На уникатна промоција наменета само за претставниците на медиумите, во петокот на 27-ми мај во „Јавна соба“, „Божиновски“ ги претставија сите колекции на Calvin Klein за 2016 година.

026

Софистицираните парчиња накит и часовници на овој светски познат бренд беа изложени во просторот уреден во духот на Calvin Klein, а покрај парчињата што се веќе во продажба, присутните имаа можност да се запознаат и со оние што допрва ќе се најдат на пазарот.

101

Преку својот накит и часовници, Calvin Klein нѐ носи кон природните и основни форми кои го носат исконскиот дух на брендот.

bozinovski-nov-pr-karmin-03

Новата кампања на Calvin Klein нѐ повикува сите да го славиме животот сега. Бидејќи минатотото е во нашите сеќавања, иднината е во нашите планови, само сегашноста е реална. Животот е сега. Споделете ја вашата минута!, изјави Ана Божиновска, менаџер за бренд на компанијата Божиновски.

180

Од Божиновски истакнаа дека Calvin Klein не заостануваат зад трендот на лого-манијата и како must-have ја посочија колекцијата Calvin Klein Color – спој на минималистички дизајн, големо лого и неонски бои. Совршен избор за летната сезона.

DSC_0399

Calvin Klein е еден од ретките амбасадори на швајцарските часовници во светот на модата. Со спојувањето на талентите од Calvin Klein  и Swatch Групација во 1997 година, се создаде часовникот-накит кој дефинираше нов сегмент во индустријата. Чистите минималистички линии и софистицираните дизајни ги прават Calvin Klein часовниците и накитот незаборавни, уникатни и впечатливи.

FullSizeRender[1]