Бугарската православна црква е готова да стори се што е во рамки на нејзините можности и во рамки на каноните на светата црква за да им помогне на нашите православни браќа во денешна Македонија. Тоа се вели во соопштнието на БПЦ по повод 1000 годишнината од прославата која е однесува на Охридската архиепископија, потпишано од патријархот Неофит.
Историјата на Архиепископската катедра на древниот и прославен во црковното минато Охрид, е органски, безусловен дел од историскиот континуитет на родната ни Бугарска православна црква, гласи текстот публикуван на сајтот на БПЦ.
Во посланието на БПЦ, меѓудругото се вели дека по одбивањето на БПЦ да учествува во Охрид на прославата на 1000 годишнината од Охридската архиепископија, во Бугарија црковниот великодостојници од многумина биле наречени предавници, но како што вели БПЦ, без основа. Во Уставот на БПЦ, истканува Црквата на нашиот сосед, стои:
„Бугарската Патријаршија е наследник на Плисковата архиепископија, Преславската патријаршија, Охридската архиепископија, Трновската патријаршија и Бугарската егзархија. Таа е единствена и неделива“.
Понатаму, се истакнува и следното:
Таква била – по Божја волја – историската судбина на нашата родна Православна црква, такви се фактите од илјадагодишната, но полна со преврати бугарска историја и тие факти не можат да бидат промените и изопачени, независно од коњуктурата на денот. Исторските извори и црковната памет јасно сведочат дека при основање во 1018 година – тажната година на губење на бугарската државна самостојност – поробителот на Бугарија, византискиот император Василиј Втори, востановува во Охрид, не поинаква, а токму Бугарска архиепископија, која останува таква до укинувањето во 1767 година, седум столетија по нејзиното востановување. Тоа бил начинот по кој императорот, запомнен во историјата како „бугароубиец“, сакал да го закопа меѓу нашите претци сеќавањето на нивното славно и херојско минато како Црква и како држава, што јасно се гледа од грамотите со кои тој ја уредува Охридската архиепископија“, се вели меѓудругото во долгото посланието на БПЦ.
Во натмошниот дел од посланието, БПЦ го означува Климент Охридски како „бугарски и словенски просветител“.
Овие факти, како што се нарекуваат во посланието на БПЦ, но и други, беа причина таа да не учествува на прославата во Охрид, но истовремено, тие нема да бидат пречка, БПЦ да и помогне на МПЦ во нејзината желба да биде признаена, се наведува во соопштенито потпишано од поглаварот на БПЦ, Неофит.