излегувам од собата и одам кон дневната соба, мајката на мојата сопруга, значи мојата баба, ми вели оди да си ја спасиш сопругата, а мојата сопруга лежеше на подот од дневната соба. Ја подигнав, ја потпрев на креветот, додека таа беше во бесознание, објасни Велков.
– Вчера во Клиничката болница примена е жена со телесни повреди. Прегледана е од хирург, и веднаш е сместена на одделението за Хиругија, а, по изјавата на докторот хирург, таа моментално е во добра здравствена состојба, изјави Марина Шуманска – портпарол во Клиничка болница – Штип.
Од полицијата го потврдија случајот на како што велат по пријава, поднесена од 28 годишниот Велков во кочанската полициска станица, бидејќи инцидентот се случил во семејниот дом на неговата сопруга во Кочани.
Во меѓувреме, таткото на повредената млада мајка, поднел пријава против неговиот зет.
Надлежните истражни органи работат на расчистување на случајот.