Жена во седмиот месец од бременоста ноќта во петкот е хоспитализирана на Клиничкиот центар во Скопје, откако брачна двојка со тупаници, клоци и дрвена палка тепале жена во седмиот месец од бременостa.
Тешкиот инцидент се случил околу 21,20 часот кога во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Владимир Комаров“ во барака, 30-годишниот Ф.К. заедно со неговата сопруга 22-годишната С.Д. физички ги нападнале 32-годишниот М.Е. и неговата три години помлада сопруга М.Д.
М.Е., неговата сопруга и нивниот син, почнале да бегаат, но Ф.К. и С.Д. ги пристигнале и почнале да ги удираат со тупаници, клоци и дрвена палка.
Била повикана Итна медицинска помош и повредените биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде М.Д. која што била во седми месец на бременост, била прегледана од страна на лекар и била задржана. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.