Владата и официјално го назначи Љубе Бошкоски за советник за странски инвестиции во кабинетот на премиерот Зоран Заев.
Според Владата, лидерот на „Обединети за Македонија“ бил единствениот кандитат кој ги исполнувал условите кои се барале на огласот – диплома од правни науки, активно познавање на англискиот јазик и 5 годишно искуство во струката.
Платата која Бошкоски ќе ја прима како советник на Заев изнесува 50.000 денари.
Примени се уште ќетворица посебни советници на премиерот. Фидан Колев, за транспорт и врски, Рубин Земон за мултукултурно општество, Фатмир Битиќи за спроведување на рамковниот договор и Горѓи Тасев, советник за млади и спорт.