Бразил го запира извозот на живина во некои земји по случајот со т.н „њукаселска болест“

Најголемиот светски извозник на пилешко месо самоволно го прекина извозот на живина во некои земји, откако во бразилската сојузна држава државата Рио Гранде до Сул беше откриен случај на таканаречена „њукаселска болест“, соопшти бразилското Министерство за земјоделство.

Потегот за запирање на извозот на живина доаѓа во време кога локалните власти се обидуваат да спречат вирусна болест која убила околу 7.000 кокошки на фарма во најјужната држава во Бразил, а останатите 7.000 од тоа јато биле уништени за да се усогласат со здравствените протоколи, извести лобистичката групација за месо ABPA.

Од примероци од 12 птици од јатото, владините иследници откриле барем еден позитивен случај на „њукасл“, соопшти ABPA, која претставува некои од главните извозници во Бразил.

„Њукастелската болест“ предизвикува респираторни проблеми кај птиците и (понекогаш) доведува до смрт.

Привремените извозни ограничувања би можеле да влијаат на 50.000 до 60.000 метрички тони извоз на бразилска живина „во најлошото сценарио“, проценува ABPA.

Бразил произведува просечно 1,2 милиони тони месечно и извезува 430.000 тони живинарски производи.

Ограничувањата се движат, во зависност од земјата на дестинација, од целиот извоз на бразилска живина до производи само од Рио Гранде до Сул, а ограничувањата влијаат на продажбата во 44 земји, вклучувајќи ги Кина, Аргентина, Европската унија, Јапонија и Саудиска Арабија, соопшти бразилското Министерството за земјоделство.

Ова министерство прогласи и вонредна состојба за здравјето на животните во Рио Гранде до Сул поради појавата на „њукаселската болест“, а известувањето на земјите за случаи на вакви болести е задолжително според упатствата на Светската организација за здравје на животните.

Последните претходни потврдени случаи на „њукасл“ во Бразил беа во 2006 година кај птици кои се хранат во државите Амазонас, Мато Гросо и Рио Гранде до Сул.