Бразил: Лула и Болсонаро разменија обвинувања за корупција во последното соочување пред изборите

Главните бразилски претседателски кандидати разменуваа обвинувања за корупции во своите последно јавно соочување пред неделните избори, а малку дискутираа за предлозите за управување со најголемата јужноамериканска нација.

Актуелниот крајно десничарски претседател Жаир Болсонар го нарече својот крајно левичарски ривал, поранешниот претседател осуден за корупција Луиз Инасио да Силва, шеф на криминална група којашто водела „клептократија“ во текот на неговите два претседателски мандата од 2003 до 2010 година.

Лула, кој има двоцифрена предност во процентите пред првиот изборен круг, го нарече Болсонаро „бесремен лажго“ чија влада прикрила мито при купувањето на вакцините во текот на пандемијата на Covid-19 во која починаа над 600.000 Бразилци.

Кандидатката на центарот Симоне Тебет од Партијата на бразилското демократски движење (MDB) ги прекори и двајцата, бидејќи меѓусебно лично се напаѓаат, наместо да се насочат на предлозите за решавање на високата невработеноста и сѐ поголемата глад во државата.

Тебет рече дека ќе ја пресврти еколошката политика на претседателот Болсонаро којашто дозволила големо крчење на шумите во Амазонија. „Да престанеме да бидеме меѓународно изопштени“, му префрли на Болсонаро обвинувајќи го дека е меѓународно изолиран поради тоа што не ги заштитил прашумите.

Во дебатата којашто ја организираше телевизиската мрежа TV Globo во Рио де Жанеиро, Лула вети дека ќе ги сузбие илегалното копање руди во прашумите во Амазонија.
Доколку биде избран, Лула рече дека ќе ја симне ознаката за 100-годишна тајност, која ја прогласил Болсонаро, од преговорите на министерството за здравство за вакцините против Covid-19 и ќе отвори истрага за наводните финансиски престапи на синовите на претседателот „за да се види што тој сокрива“.

Главните анкети на јавното мнение покажуваат дека Лула има предност од околу 10 до 15 процентни поени пред Болсонаро пред првиот круг од изборите. Според анкетната агенција „Datafolhi“, Лула би имал 50 отсто важечки гласови, исклучувајќи го вообичаениот процент празни и неважечки гласачки ливчиња, и би можел да победи веќе во недела, избегнувајќи го вториот круг, кој доколку е потребно би се одржал на 30-ти октомври.