Во Бразил во вторникот се регистрирани 41.906 нови случаи на зараза со коронавирусот, што е најголем број во еден ден од 11-ти септември.
Како што соопшто бразилското министерство за здравство, во изминатото деноноќие како последица на заразата починале уште 819 луѓе.
Заедно со последните показатели, според ресурсот Worldometer, од почетокот на пандемијата на Covid-19, во Бразил вкупно се регистрирани 4.970.953 случаи на коронавирусот, а бројот на смртните исходи до вторникот 147.571. Досега излекувани биле 4.352.871 пациент.