![maxresdefault](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/maxresdefault.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Стогодишен Бразилец од јужниот град Бруске влезе во Гинисовата книга на рекордите бидејќи најдолго работи во иста компанија, дури 84 години.
И покрај извонредното остварување, Валтер Ортман, на оние коишто бараат долготрајно и работно место коешто ќе ги исполни, им го дава вообичаениот совет: работете го она што го сакате и избегнувајте брза храна.
„Мора да сакате да работите. Јас се вработив полн со волја и борбен дух. Не можете да работите секаква работа за да можете да кажете дека сте вработени. Тоа не функционира. Нема да издржите“, вели овој стогодишник.
Бразилските медиуми пишуваат дека Ортман во „RenauxView“, компанија за производство на ткаенини, прво работел на производствена линија, за потоа да биде преместен во администрацијата и станал директор за продажба.
За да остане во форма, Ортман секој ден се разгибува и внимава на својата исхрана.
„Навистина избигнувам сол и шеќер. Ги избегнувам нештата кои лошо влијаат. Колата и другите газирани пијалаци. Го консумирам само она што е добро за мене. Тоа му помага на телото да остане силно засекогаш“, вели Ортман.