Бразилски судија покренал истрага против Маск за социјалната мрежа X

Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александре де Морае= во неделата отворил истрага против Илон Маск за попречување на правдата во врска со социјалната мрежа Х, се вели во судски документ.

Маск ја оспорува одлуката на судијата Мораеш да ѝ нареди на неговата платформа за социјални медиуми Х да блокира одредени сметки. Претходно во неделата, Маск објави дека X ќе ги укине ограничувањата, бидејќи тие се неуставни.

Мораеш во својата одлука рече дека „Х ќе се воздржи од непочитување на која било веќе издадена судска наредба, вклучително и повторно активирање на профилот блокиран од Врховниот суд“.

Доколку X не ја исполни наредбата за блокирање одредени сметки, компанијата ќе биде казнета со 100.000 реали (околу 18.200 евра) дневно, рекол судијата кого го цитира Reuters.

Ниту Маск, ниту од X, ниту бразилските власти не открија кои сметки на социјалните мрежи се блокирани. X прво ја објави наредбата за блокирање во саботата, но не беше веднаш јасно кога е издадена наредбата.