Бразилскиот лидер подготвен да посредува меѓу Путин и Зеленски

Луис Инасио Лула да Силва, исто така, предложи воспоставување широк меѓународен формат на разговори што би можел да биде сличен на Г20 за да се разговара за мир во Украина

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека e биде подготвен да посредува во разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Вoлoдимир Зеленски, доколку е потребно.

„Ако можам да помогнам, ќе помогнам. Но, ако се појави потреба за разговори со Путин и Зеленски, ќе бидам подготвен да разговарам за напорите за мировно решение, нема проблем. Она што навистина ни треба е да собереме група луѓе доволно моќни да бидеме почитувани на преговарачката маса. И ние треба да се ангажираме со двајцата“, рече да Силва на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот.

Политичарот, исто така, предложи воспоставување широк меѓународен формат на разговори што би можел да биде сличен на Г-20 за да се разговара за мирот во Украина. Бразилскиот лидер рече дека веќе разговарал за ова со Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон и дека има намера да го покрене ова прашање на преговорите со американскиот претседател Џо Бајден во февруари и со кинескиот лидер Кси Џинпинг во март.