Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро повторно е тестиран позитивно за коронавирусот, соопшти денеска Секретаријатот на Министерството за комуникации.
Ова е трет пат Болсонаро, познат по тоа што ја негира моќта на вирусот Ковид-19 и го нарекува обичен грип, се тестира за вирусот, откако објави дека е заразен на 7 јули.
Министерството соопшти дека состојбата на претседателот на Бразил е добра и дека неговиот здравствен тим го следи.
Болсонаро последен пат беше тестиран вчера, пренесува Ројтерс.
Бразил се наоѓа на второто место во светот по бројот на заразени и починати од ефектите на коронавирусот, со повеќе од два милиони случаи и 81.597 смртни случаи, според Worldometers.