![bred pit i nikol poturalski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/bred-pit-i-nikol-poturalski.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Бред Пит(56) има нова девојка – познатиот актер излегува со германската манекенка Никол Потуралски(27).
Парот е виден на аеродром во Франција. Извор близок до нив потврди дека Бред и Никол се во врска и дека заедно уживаат на летниот одмор.
По пристигнувањето на аеродромот, Пит се криеше од новинарите носејќи очила за сонце и капче. Сите странски медиуми пишуваат дека новата девојка на 56-годишниот актер е копија на Анџелина Џоли.
Пит е татко на шест деца, а Потуралски има едно дете. Странските медиуми наведуваат дека парот е во врска веќе неколку месеци.
https://www.instagram.com/p/CD0XeN0omjM/?utm_source=ig_embed
Пит се впушти во нова љубовна врска и покрај сите проблеми кои ги има со поранешната сопруга Анџелина Џоли од која се разведе во април 2019 година. Тој сè уште се бори за старателство врз децата.